Opel го претстави болидот на патеката Пол Рикар со кого ќе настапува во Формула Е
Opel GSE 27FE е тркачки автомобил од генерацијата GEN4 на Светското првенство во Формула Е, кое започнува во претстојната сезона. Прототипот има постојан погон на сите тркала, моќност од над 800 КС, постигнува моќност на рекуперација до 700 kW, со што го носи електричниот моторспорт на сосема ново ниво.
По многу интензивни часови на тест-клупата, сега го интегрираме целиот погонски склоп во автомобилот и ќе бидеме на тркачката патека од почетокот на мај, објасни Jörg Schrott првиот човек за мото-спортот на Opel.
Тимот планира да поминат 15 дена во тестирање на разни европски тркачки патеки пред почетокот на сезоната. Засега дизајнот на GSE 27FE следи јасна идеја дека брзината треба да се нагласи и кога болидот е во мирување.
Конечниот дизајн, со кој Opel GSE 27FE ќе го има своето деби на светското првенство, ќе биде прикажан во октомври како дел од присуството на Opel на Саемот за автомобили во Париз, кој исто така ќе се фокусира на гамата GSE.
Првиот возач што го возеше прототипот GEN4 на тркачката патека беше тест-возачот и возачот за развој Софија Флорш, 25 годишна Германка која е тесно вклучена во развојот од самиот почеток, од симулаторските сесии до претстојните тест возења на GSE 27FE.
Opel официјално ја објави својата одлука да се приклучи на Формула Е како германски тим кон средината на март. Светското првенство на Формула Е компанијата ќе го користи како глобална сцена за своите целосно електрични модели со високи перформанси. GSE е кратенка за „Grand Sport Electric“ за особено динамични електрични возила.
По Mokka GSE претставена минатата година, новата Corsa GSE ќе биде лансирана не есен, а потоа може да следат нови пријатни изненадувања.


