Peugeot – Модернизација на имињата

Peugeot ги прилагодува комерцијалните имиња на своите модели со приклучен хибрид за да се усогласат со Euro 7 стандардот.

Стандардот  Euro 7 ќе стапи на сила од 30 ноември на тековнава година. Според прописите, ќе биде воведен нов протокол за хомологација за комбинираната моќност на plug-in хибридните модели.

Протоколот за хомологација е наречен GTR21 и се однесува на комбинираната моќност на моторот со внатрешно согорување и електричниот/електричните мотори во plug-in хибридните модели.

Од вчера Peugeot го применува овој нов протокол. Тековните модели со приклучен хибрид не претрпуваат никаква техничка модификација, што значи дека нивните перформанси, потрошувачка на гориво и емисии остануваат непроменети.

Одобрената комбинирана излезна моќност на plug-in хибридните моделите Peugeot 3008 и 5008 сега е 225 КС (166 kW). Новите комерцијални имиња за овие модели се: Peugeot 3008 PLUG-IN HYBRID 225 AUTO, PEUGEOT 5008 PLUG-IN HYBRID 225 AUTO. Комбинирана излезна моќност на PEUGEOT 408 plug-in hybrid сега е 240 КС (177 kW).

Новото комерцијално име за овој модел е: Peugeot 408 PLUG-IN HYBRID 240 AUTO. Новиот хомологациски протокол за комбинирана моќност веќе е применет на новиот PEUGEOT 308 Plug-in Hybrid 195 КС Automatic. Важно е да се напомене дека овие „промени“ нема да имаат влијание на цените на моделите, а правилата за хомологација ќе се применува од 2026 година за сите нови модели, а од 30 ноември 2027 година за сите нови продадени возила.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER