Jeep Compass E-Hybrid пристигна во Македонија
Штотуку претставениот кај нас Јеер Compass е поставен на новата средна платформа на Stellantis што значи дека ја дели основата со Peugeot 3008/5008, Opel Grandland и Citroen C5 Aircross.
Тоа му овозможи за 16 сантиметри поголемо меѓуоскино растојание па Compass сега е подолг, поширок и со подолго меѓуоскино растојание. Ова резултира со 55 mm повеќе простор за нозете и зголемување на капацитетот на максимални 550 литри.
Новиот Compass се одликува со цврст, модерен изглед. Тој ги зема дизајнерските елементи и од својот помал брат, Avenger и од поголемиот Wagoneer S, со остри браници, јасни LED светла и ултра-тенки предни дифузори за воздух.
Кокпитот има 10 инчен дисплеј за инструментите поврзан со голем 16 инчен инфозабавен екран. Тие се уредно распоредени над ред прекинувачи и ротирачко копче. На македонската промоција настапи изведбата e-Hybrid со системски 145 КС.
Jeep ветува дека Compass е повеќе од способен да се справи со тежок терен, а исто така може да се пофали со длабочина на преминување во вода до 470 mm. Почетната цена за Jeep Compass е 34.900.
За повеќе информации околу опременоста и верзиите обратете се кај увозникот Аутомобиле СК или посетете го jeep.mk.


