BMW iX5 Hydrogen – Во продажба 2028-та година

BMW е уникатен кон својата определба за погони. Тој покрај бензинските, дизел, хибридни, приклучни хибриди и електрични погони, ќе го додаде и оној на хидроген!

BMW ги објави клучните детали за водородната верзија на X5 планирана за 2028-ма година – ќе има автономија од 750 километри според WLTP циклусот а ќе се полни за пет минути.

Ова е овозможено со систем од седум резервоари изработени од композитни материјали засилени со јагленородни влакна. Распоредени еден до друг меѓу две метални плочи во нив ќе собира најмалку седум килограми водород.

Просторот што го зафаќаат е еднаков колку батериите на електричната верзија на X5 што значително ја намалува комплексноста на производството кое ќе се одвива на иста монтажна лента. И кај двете изведби електричната архитектура е од Neue Klasse платформата.

Покрај со овие погонски групи BMW ќе го нуди X5 и со бензински, дизел и плаг-ин мотори.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER