Cupra Raval – Атомската мравка

Спортскиот шпански бренд на VW го откри својот најмал електричен автомобил, а тој има со што да се перчи!

Cupra Raval е лансиран пред неговите близнаци. Во воено-политичкиот вокабулар, ова може да се интерпретира како „превентивен нуклеарен удар“,  бидејќи групацијата допрва ќе ги промовира VW ID. Polo и Skoda Epic, чија премиера е закажана покасно годинава. Cо должина од нешто повеќе од четири метри, Raval се наоѓа на супермини територија, но ги надминува очекувањата со меѓуоскино растојание од 2,6 метри и изненадувачки просторен багажник од 441 литар. Поширок е и понизок отколку што би очекувале и има смел став.

Поставен е на новата платформа MEB+ на Volkswagen Group, која ја дели со веќе споменатите близнаци. Купувачите добиваат голем избор на погонски склопови. Основните верзии со едноставната ознака Raval спаруваат мотор од 116 КС со батерија од 37 kWh, што е доволно за околу 300 км автономија, а ограничени се само на 50 kW полнење.

Доколку се искачите на скалата на конфигурација до Raval Plus, ќе најдете мотор од 135 КС кој го користи истиот пакет, иако овој пат полнењето достигнува максимум до 88 kW и бележи од 10 до 80 проценти за приближно 23 минути.

Како се искачувате погоре, работите стануваат поинтересни. Пакетот со батерија од 52 kWh нуди 211 КС во верзијата Endurance и испорачува околу 450 км автономија, со брзина на полнење до 105 kW. Но ако тоа не е доволно, тука е VZ. Таа се искачува на 226 КС и ја лови „стотката“ за 6,8 секунди, што го прави конкурент на Alpine A290. Досегот малку се намалува, на околу 400 км, но демоните на брзината можеби мислат дека тоа е цената што вреди да се плати.

Cupra не се стреми само кон бројки за моќност. Подвозјето на Raval е 15 мм пониско од основната MEB+ поставеност што се користи кај ID. Polo и има поширока трага од 10 мм, со адаптивни амортизери, прогресивно управување и електронски диференцијал со ограничено лизгање кај VZ.

Внатре, возачите се почестени со корисна голема дигитална кластерска табла од 10,25 инчи и 12,9-инчен инфозабавен систем. Доколку се одлучите за изданието Raval VZ Extreme ќе бидете почестетни со CUP школкести седишта со 3D тапацир со  плетена технологија,

како и 19-инчни тркала со сулфурно зелена боја и мат надворешен финиш во боја на манган. Cupra Raval на пазарот ќе пристигне летоvо кога ќе се соочи со својite најголеми ривали од премиум „Б“ сегментот.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER