Неодамна обновената Opel Astra е целосно германски производ. Таа е дизајнирана, развиена и произведена во Руселсхајм, домот на Opel.
Деведесет години старата традиција на „Молњата од Руселсхајм“ во сегментот „Ц“ контиунирано се подобрува. Со последното ажурирање Astra изгледа помодерно, поостро и поуникатно.
Тоа се должи на неколку суптилни, но значајни зафати на надворешниот дизајн и низа подобрувања кои се чувствуваат во нејзиното исползување наменети на возачот и патниците.
Сега Astra на Vizor маската доби светлечко лого на Opel и новата генерација на извонредните Intelli-Lux HD светла. Треба да се напомене дека тие имаат 50.000 диоди и ноќта ја претвораат во ден правејќи го ноќното возење не само безгрижно туку го претвораат во задоволство.
Оваа технологија ја осветлува патеката според патот и настанатата ситуација во моментот на возење без да ги заслепува другите учесници во сообраќајот и без да го заморува возачот. Системот препознава сообраќајни знаци и ги затемнува LED светлата за да избегне рефлексија.
Внатрешноста е дополнително оптимизирана. Новите Intelli-седиштата се стандардни во сите верзии и имаат специјален централен канал што го намалува притисокот на ’рбетот, обезбедувајќи удобност и на подолги патувања.
Кокпитот и инфотејнмент интерфејсите се појасни и поинтуитивни, со нова графика и подобра читливост. Во духот на сочувувањето на природата во внатрешноста се користени рециклирани материјали. На нашиот пазар ќе бидат понудени двете каросериски изведби, хечбек и караван со четирите опции на погон.
Astra Electric и Astra Sports Tourer Electric се со цена од 39.300 € а имаат батерија сега е поголема, има капацитет од 58 kWh. Тоа овозможува до 454 km автономија. За нашиот пазар најпригладни ќе бидат хибридната и дизел верзијата.
Првата располага со 145 КС и нејзината цена започнува од 27.900 евра. Интересно е што Astra со 1,5 литрениот турбо-дизел мотор со 130 КС ќе биде најевтина во целата гама. За почетното ниво на опременост ќе треба да се издвојат 26.490 евра.
Најмоќната верзија во понудата е со приклучен хибрид чии системски 196 КС даваат најдобри перформанси. За неа и цената е највисока и започнува од 39.900 евра. За повеќе детали и како да најповолно да станете дел од „ѕвезденото семејство“ проследете го нашиот тест што го направивме на меѓународното тест возење на Opel Astra.


