Кинезите преставија уште едно чудовиште од теренец, помал брат на предводникот на гамата на Zeekr 9X.

Tоа помал сфатете го условно – долг е 5,1 метри и има неверојатни 1.400 коњски сили. Нив ги добива од плаг-ин погонскиот склоп составен од дволитарски турбо бензинец и три електромотора.

Иако тежи 2,8 тони до сто километри на час забрзува за само три секунди. Благодарение на архитектурата од 900 волти батериите од 70 киловат-часа му обезбедуваат чисто електрична автономија од 410 километри според кинеските стандарди. За поскромните се нуди варијанта со два електромотора и нешто помали батерии. Импозантниот изглед го следи стилот на 9X со голема маска дизајнирана налик на водопад и предни светла кои се состојат од преку 25 илјади светлосни елементи во облик на дијамант.

Опременоста е на луксузно ниво, ќе биде достапен во верзии со пет или шест седишта а багажникот е со зафатнина од неверојатни 1.133 литри. За помош на возачот се грижи безбедносен систем со 43 сензори и пет ласерски радари. Цените стартуваат од 55 илјади долари.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER