MGS9 PHEV – Засилување на европската понуда

MG ја збогатува својата европска понуда со уште еден модел – семејниот кросовер S9.

Голем колку Škoda Kodiaq и Kia Sorento тој ќе доаѓа со три реда седишта и плаг-ин хибридна погонска група. Основата е 1,5 литарски турбо агрегат кој заедно со електромоторот испорачува 299 коњски сили а батеријата е доволна за поминување сто еколошки километри.

Просторноста му е силна страна – со склопен трет седишта во багажникот собира повеќе од илјада литри. На опременоста не е штедено – веќе основната верзија има панорамски покрив, загревани и вентилирани седишта со масажа и трозонска климатизација.

Стартот на продажбата ќе биде од Велика Британија која после Кина е најважен пазар за MG. Цените започнуваат од 34.200 фунти.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER