За математиката на Audi да биде точна потребно е уште во формулата да се вметне и e-Tron
Audi го презеде наредниот свој голем чекор во електрификацијата на гамата – подготвува нов компактен модел со ознака A2 e-Tron. Иако во соопштението за јавност тоа не е нагласено тој треба да ја пополни празнината во долниот дел од понудата на марката после престанувањето на производството на A1 и Q2. Ознаката на новиот модел претставува директна референца на алуминиумскиот хечбек од пред четвртина век изведен во моноволуменски стил кој според зборовите на компанијата беше пионер во областа на ефикасноста и урбаната мобилност. Можеби и затоа во силуетата ќе наликува на него – ќе има кратки препусти, благо спуштена линија на покривот со спојлер на задната врата и скоро вертикален заден дел, сето дополнето со минималистичка ЛЕД оптика со пиксел графика и тенки задни светла. Официјални информации за механиката нема иако не е тешко да се претпостави каква ќе биде. Место тоа Audi потврдува дека производството ќе биде организирано во Инголштат. Премиерата е планирана за есенва, а ќе му се придружи и големиот Q9 кој ќе ја презеде улогата на предводник на гамата на марката.


