Тоyоtа стартуваше со продажбата на електричниот bZ7 во Кина по цени од кои се паѓа во несвест – чини помалку од 23 илјади евра.
За тие пари купувачите добиваат лимузина со должина малку над 5,1 метри со доста напредни технологии потпишани од Huawei, како и интеграција со куќните уреди на Xiaomi.
Тоа значи дека на пример од возилото можете да го вклучите клима уредот дома. Има модерен и елегантен дизајн со брз профил и пропорции кои обезбедуваат голем простор во внатрешноста. Таа пак е чиста со распоредот фокусиран на технологиите.
Седиштата се со вентилирање и масажа а на патниците назад на располагање им е дури и ладилник. Се ветува и високо ниво на автономно возење лимитирано од постоечката законска регулатива.
Погонската моќ ја обезбедува електромотор од 282 коњски сили а батериите се доволни за декларирана автономија од 710 километри. Во план е и верзија со погон на сите тркала за која спецификациите не се познати.


