BYD лансира толку многу новитети што веќе е невозможно редовно да се следат…

Еден од нив е големиот кросовер Great Tang кој е најголем во нивната гама.

Долг е 5,3 метри, широк два и има меѓуоскино растојание од 3,13 метри што обезбедува простор доволен за комотни патувања на седум патници. Изгледот му е во согласност со дизајнерскиот стил наречен лицето на змејот карактеристичен по светлосната лента на предниот дел и големите трапезоидни отвори за воздух.

Украсен е со хромирани детали, за покривот се наведува дека има површина од 6,34 квадратни метри а кога сите седишта се зафатени остануваат само 252 литри простор во багажникот.

Во внатрешноста се среќаваат три големи екрани плус уште ден за патниците во вториот ред, ладилник и аудио-систем со 27 звучници. Електричната верзија се опремува со Blade батерии од втората генерација кои можат да се полнат со струја од 1 мегават и обезбедуваат автономија од дури 950 километри.

Основниот модел се задвижува со заден електромотор од 408 коњски сили а изведбата со погон на сите тркала располага со вкупно 796 коњи. Ослонувањето е воздушно а управливата задна оска обезбедува голема подвижност на тесни простори.

Ќе биде понудена и плаг-ин варијанта со 1,5 литарски бензинец и два електромотора со вкупно 517 коњски сили.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER