Denza Z9 GT – Нов електричен рекордер

Пробиена e бариерата од 1000 км  со едно полнење на батериите!

Барем така тврдат Кинезите бидејќи модернизираната верзија на Denza Z9 има најголема автономија видена досега која според кинеските стандарди изнесува 1.068 километри. BYD повторно е во фокусот на вниманието, овој пат со брзината на полнењето на втората генерација на батеријата Blade. На полнач од 1.500 киловати нејзе и требаат само 9 минути да се наполни од 10 до 90 проценти, а за само пет минути да собере струја доволна за возење 400 километри. Ова во темел ќе ја смени перцепцијата за електричните возила.

Овој премиум модел доаѓа со две пакувања батерии и во верзии со погон на задните или сите четири тркала со моќност меѓу 500 и 1.140 коњски сили.

На располагање е во лимузинска и караван изведба а покрај во чисто електрична изведба ќе биде понуден и како плаг-ин хибрид кој комбинира дволитарски турбо бензинец и три електромотора.

И за него се ветуваат моќни бројки – 860 коњи и електрична автономија од 400 километри. Почетната цената во Кина му е пониска од 40 илјади долари а ќе биде понуден и во Европа.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER