Дамите го направија својот избор – за женски автомобил на годината го прогласија Nissan Leaf.
Титулата ја освои во конкуренција од 55 модели од кои како финалисти се издвоија шест победници по категории – покрај Leaf тоа беа уште Škoda Elroq, Mercedes CLA, Hyundai Ioniq 9, Toyota 4Runner и Lamborghini Temerario.
Покрај вообичаените критериуми жирито составено од припаднички на понежниот пол од 54 земји од целиот свет кај возилата го цени уште практичноста, едноставноста во користењето и вредноста за парите. Leaf доби пофалби за реалниот пристап кон електричната мобилност – балансот меѓу напредните технологии, перформансите и секојдневната употребливост.
Јапонскиот автомобил за жените претставува зрела и интелигентна визија на електрификацијата, употреблива и достапна за просечните семејства и нивните потреби. За Nissan пак ова признание е потврда на мисијата која Leaf ја има од самиот почеток – да ја шири идејата дека електричните автомобили не мора да бидат луксуз туку нешто сосема нормално.


