Škoda станува важен актер во групата Volkswagen за електрични системи
Во Млада Болеслава е отворен нов погон за нивно составување со што компанијата стана најголем производител на батерии во концернот.
Има површина од 55 илјади квадратни метри и со инвестиција од 205 милиони евра изграден е за помалку од една година. Со 131 индустриски робот и 84-отстотна автоматизација има капаците за производство на 335 илјади батериски системи годишно, односно по еден на секои 60 секунди.
Со примена на нови технологии и литиум-железо-фосфатна хемија постигнато е намалување на трошоците за 30 отсто. За новиот процес на производство беа преквалификувани 600 вработени.


