BYD незапирливо напредува во развојот на своите електрични технологии
Новата генерација на Blade батериите се толку брзи што полначите се распоредени како пумпите на бензинските станици. Возачите доаѓаат, го приклучуваат возило и за само неколку минути си одат бидејќи полначите подржуваат струја до дури 1.500 киловати.
За да го издржат тоа нивните кабли се опремени со систем за ладење со течност, да не кажеме антифриз. Тие веќе се тестираат во различни услови а постигнатите резултати покажуваат дека 400 километри пат се обезбедуваат за пет минути. Возилата пак се опремени со посебен систем со технологија која овозможува полнењето да започне за десетина секунди, без потреба за посебни апликации или дополнителна идентификација.
Од BYD велат дека со примената на новите полначи и батерии ќе се смени и начинот за размислување на луѓето за електричните возила и со ваков пристап веќе ќе нема потреба да се опремуваат со големи, тешки и скапи батерии. Во план е во Кина да се изградат 4.000 станици за полнење со ваква моќност а за нивно промовирање BYD размислува на возачите да им понуди бесплатни количини струја.


