Denza B5 – По стапките на Defender

Од BYD во Европа ќе пристигне уште еден новитет, овој пат со логото на луксузната марка Denza.

Моделот познат во Кина како Fangchengbao 5 кој во многу потсетува на легендарниот Land Rover Defender ќе ја има ознаката B5 и ќе ги освојува купувачите со своите премиум карактеристики.

Официјалните спецификации за европските пазари сé уште не се потврдени но се очекува да бидат скоро идентичен како кинескиот модел.

Тој располага со плаг-ин хибриден погонски склоп со 1,5 литарски турбо агрегат и два електромотора, по една за секоја оска.

Комбинираните 677 коњски сили и напредниот систем за погон на сите тркала му овозможуваат импресивни теренски својства

а батериите кои воедно се составен дел на структурата автономија од 125 километри според кинеските стандарди.

Цените не се објавени но треба да се очекува да се движат над 70.000 евра. Продажбата ќе стартува летово, најпрво во Велика Британија.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER