Leapmotor ја забрзува својата европска експанзија
И покрај веќе присутните модели, на пазарот го подготвува за лансирање и кросоверот B03X кој во Кина се продава под ознаката A10.
Цели кон рационалните купувачи кои бараат пристапно возило за секојдневни патувања со премиум призвук, какви што во Европа ги има доста.
Развиен е на потполно нова глобална платформа и со должината од 4,2 метри значително е помал од својот поголем брат B10. Но затоа може да се пофали со исклучително пространа внатрешност и голема практичност.
Меѓу другото таа е обезбедена од напредните технологии кои вклучуваат вештачка интелигенција и системи за помош на возачот кои безжично ќе се ажурираат за време на целиот животен циклус на возилото.
Во Кина се нуди со електромотор од 122 коњски сили и батерии со висока густина способни да издржат 500 километри пат. Цените и точниот термин за пазарно лансирање во Европа ги очекуваме наскоро.


