Hyundai Vision Pulse – Ангел чувар

Групацијата Hyundai  работи на нови технологии за детектирање и спречување на опасни ситуации во кои можат да се најдат велосипедистите и пешаците, посебно децата.

Наречен Vision Pulse, овој систем се базира на безжична детекција со помош на широкобранова комуникација со висока точност на лоцирање до десет сантиметри и домет од 100 метри без оглед на препреките.

Системот користи едноставни модули кои можат да се постават било каде, на пример на училишните ранчиња на децата. Времето на одзив е од 1 до 5 милисекунди, а точноста високи 99 отсто.

Најзначајно е што системите за детекција на модулите веќе постојат во возилата – потребно е само да се прилагодат за нивно користење.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER