Astron H2Starfire – Враќање во иднината

Додека големите се откажуваат од водородните технологии, сосема непознатата компанија со звучно име Astron Aerospace тврди дека има развиено револуционерен мотор на овој вид погонско гориво!

И тоа до толку што е тешко да се поверува – според нив овој во некоја основа ротационен агрегат со тежина од 54 килограми се врти до 25.000 вртежи во минута и развива моќни 400 коњи и 678 њутн-метри вртежен момент.

Според компанијата со седиште во Вичита, Канзас нејзините инженери во целост успеале да ја елиминираат потребата за водено ладење и да постигнат повеќе од 60 отсто термичка ефикасност што е далеку подобро од моторите со внатрешно согорување.

Има само 82 составни дела и бидејќи користи водород производ на согорувањето е само вода, без никакви издувни гасови. Останува да видиме дали во сето ова има некаква реална вистина и ако е така дали ќе заживее.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER