И Aston Martin и Breitling се иконски компании, секоја во својот сектор…
Со новот партнерство се слави повеќе деценијска доминација на две имиња во различен свет, но двата ги обединува прецизната механика и перформансите. Breitling станува официјален партнер за часовници на тимот на Aston Martin Aramko F1 тимот и тоа е само почеток.
Првиот ко-креиран часовник Aston Martin-Breitling треба да пристигне годинава, а тандемот ветува повеќекратни изданија во текот на следните неколку години, почнувајќи со Navitimer B01 Chronograph 43. Таквиот пристап многу добро го знаат колекционерите. Тоа значи дека ќе има ограничени изданија, со посветени теми и цени кои ќе достигнат вредност на некои сериски автомобили.
Но, тоа не е проблем за гордите сопственици на Aston Martin и сите оние што сакаат да се идентификуваат со нив. Тука има вистинска историја. И двата бренда сакаат да нè потсетат дека постојат повеќе од еден век, па дури и дека делат партнерство во филмовите од серијалот на тајниот агент 007.
Aston го испорача DB5, Breitling го постигна најдоброто време на зглобот на Шон Конери и во Goldfinger и во Thunderball. Е сега останува на вас, да одвоите една пристојна сума на пари за да станете дел од таа прикаска. Тоа би чинело, во вредноста на недвижнините во Скопје, само неколку квадратни метри. Што ќе ти стан ако немаш убав часовнок, нели?


