Ferrari Luce – Нека биде светло!

Интериерот на првото електрично возило на Ferrari зрачи со емотивна ретро носталгија впарена со футуристичка дигитална технологија.

Вистинските традиционалисти сметаат дека Ferrari на електричен погон е ѓаволско дело и претставува ерес излезен од можеби најголемиот храм на автомобилизмот.

Сепак глобалните трендови се неспорни и сега „растегнатото коњче“ е пред нови предизвици.

Потврдено е дека името ќе му биде Luce што на италијански значи „светлост“. Пред да ја видиме каросеријата на првиот електричен Ferrari во мај, Италијанците го покажаа ентериерот.

Новата кабина дизајнирана од поранешниот член на тимот на Apple, Џони Ив, е фузија на дигитална технологија, физички контроли и ретро стилски елементи.

Ив е познат по својата работа на iPhone и iPad, но за овој проект, тој беше убеден дека на Luce му требаат многу ретро елементи. Вистински копчиња, вистински прекинувачи и вистински ротирачки контроли што кликаат со прецизност.

Воланот изгледа како да е телепортиран од 1960-тите. Три тенки алуминиумски краци и распоред на функциските прекинувачи инспириран од болидите на Формула 1. Зад него се наоѓа систем на инструменти развиен со помош на Samsung Display.

Два тенки OLED панели се преклопуваат за да создадат длабоки, слоевити бројчаници кои на прв поглед изгледаат речиси аналогно. Дури има и вистинска стрелка што се протега низ дигиталната графика бидејќи очигледно само пикселите не биле доволно драматични.

Според Ferrari, дигиталните дисплеи на Luce биле „инспирирани и од старите автомобилски знаци и од наменската, јасна графика што се наоѓа во авијацијата, особено хеликоптерите и авионите“. Влијанието е лесно да се забележи.

Распоредот и типографијата се несомнено автомобилски, модерна почит кон инструментите Veglia и Jaeger од класиците изработени во Маранело. За да ги убеди купувачите дека се негуваат радиционалните вредности Ferrari задржан е ритуалот ритуалот на стартување на Luce.

Прво требате да го вметнете стаклениот клуч во док на конзолата. Неговата боја се менува, а потоа селекторот за погон се буди во координирано светлосно шоу. Веројатно ќе дознаеме повеќе за погонскиот склоп и дотерувањето на подвозјето претходно.

Сепак мораме да почекаме до мај и да видиме дали  ќе се возбудиме на изгледот на електрично Ferrari, без разлика колку брзо ќе го заобиколи Fiorano без капка бензин.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER