За да ги подобри своите пазарни позиции во Европа Ford се подготвува да ги унапреди електричните Explorer и Capri кои се настанати како резултат на соработката со Volkswagen.
Клучните измени вклучуваат нови батерии и посилен електромотор кај попристапните верзии. Тие отсега ќе располагаат со 190 коњски сили и 350 њутн-метри вртежен момент со кои се добиваат поживи перформанси и подинамично чувство во возењето.
Батериите пак со литиум-железо-фосфатна технологија обезбедуваат автономија и до 70 километри поголема од досегашните вредности. Од Ford истакнуваат дека новите батерии овозможуваат почести полнења до 100 отсто од капацитетот без негативно влијание на долготрајноста.
Освен тоа се побезбедни и помалку токсични. Цените и почетокот на продажбата не се објавени.


