За Opel, 2025 беше успешна година

Бројните интернационални награди од минатата година, меѓу кои и од Македонија,  докажуваат колку добро е прифатено триото кросовери на Opel

Mokka, Grandland и Frontera се три различни по големина кросовери од Руселсхајм, но секој од нив докажа дека има специфична големина која знаат да ја ценат купувачите и стручњаците.

Покрај интригантниот дизајн што секој од ова трио се истакнува помеѓу конкурентите во класите каде се натпреваруваат, тие се опремени со бројни остварувања кои нивното користење го претвораат во секојдневно задоволство. Тоа е основната причина што лани овие модели прокнижија вредни интернационални награди.

Во пролетта 2025 година, новата Mokka пристигна во продажните салони, постилска, помодерна и во свежи бои. Следниот адут следеше кратко потоа. На почетокот на летото Opel ја претстави новата Mokka GSE Rally со електричен погон, 281 КС и 345 Nm, која беше првото натпреварувачко возило развиено според новите eRally5 прописи на FIA.

Но, Opel реши секој да го доживее спортското чувство и ја лансира Mokka GSE, исто толку моќна како и рели верзијата. Нејзината максимална брзина е 200 км/ч, Mokka GSE стана најбрзото целосно сериско електрично возило на Opel досега. Само неколку недели подоцна, оваа смела одлука беше наградена и новата Opel Mokka GSE беше прогласена за „Најдобар мал автомобил“ добивајќи ја и наградата „Златен управувач 2025“.

Ова го потврдија и читателите на германското списание Auto Motor und Sport. Тие ја изгласаа Opel Mokka за „Најдобра иновација во дизајнот 2025“ во категоријата „Мал кросовер“ на 25-то доделување на наградите „Autonis“.

Ништо помало внимание на себе сврте и Grandland. Откако беше прогласен за победник на „Златен управувач 2024“, Grandland продолжи да освојува награди во 2025 година.

Неговите Intelli-Lux HD светла, систем што има повеќе од 50.000 елементи, овозможувајќи висока резолуција и прецизна распределба на светлината што секогаш реагира соодветно на ситуацијата без да ги заслепува другите. Оваа иновативна технологија е потврдена од експертската заедница на Driving Vision News.

Во категоријата „Најдобри предни светла“, Opel Grandland и Intelli-Lux HD осветлувањето се наградени со престижната награда DVN 2025. Покрај тоа, електричната верзија, Grandland Electric со долг опсег до 694 км и погон на сите тркала беше прогласен за „Најдобар електричен кросовер од средна големина“ на „Great British Fleet Awards 2025“ во Велика Британија. Британците се посебно импресионирани од Grandland. Само пред неколку дена беше прогласен за „Среден автомобил на годината“ на британските „Company Car & Van Awards“.

Но, пред да биде награден од европските колеги, Opel Grandland, лани во март се закити со признанието „Најдобар семеен автомобил“ од изборот „Златно тркало“ сочинет од специјализирани новинари од Македонија.

Некогаш беше монументална, сега Frontera е рационална. Практичниот, семеен и достапен кросовер, кој е електрифициран во секоја верзија, прикажува особено добра вредност за парите со иновативни карактеристики како што се удобните Intelli седишта, станицата за паметни телефони и просторот за до седум лица.

Ова е признато и од членовите на жирито на „News UK Motor Awards 2025“. Тие ја изгласаа Frontera за „Автомобил на годината за својата вредност“ и ја пофалија посветеноста на брендот да ја направи електричната мобилност достапна за сите.

Исто така, во Хрватска, Frontera неодамна беше прогласена за „Автомобил на годината 2025“.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER