Уникатно скроен за Јужна Кореја и тоа во само еден единствен примерок
Оддавајќи почит на јужнокорејската традиција Ferrari претстави единствена Tailor Made креација на 12Cilindri.
Подготвен од нивното одделение за персонализација овој автомобил е резултат на скоро двегодишната мултидисциплинарна соработка меѓу стајлинг центарот на италијанската марка и четири тамошни уметници.
Надворешноста чија боја се прелева од зелена во виолетова е украсена со сини детали инспирирани од корејската керамика и светлината на Сеул. Живописниот резултат е дополнет со провидни акрилни панели и бели сопирачки клешти.
Ентериерот зрачи со уметнички креации на традиционалните корејски техники и во него се користени тотално невообичаени материјали како што се рачно ткаените коњски влакна за контролната табла и седиштата.
Покривот со прилагодена печатена шема создава единствена интеракција на светлината и сенките.
Механиката е позната – 6,5 литарскиот атмосферски V12 мотор испорачува 830 коњски сили кои преку осумстепениот менувач го дотеруваат до максимални 340 километри на час.



