Од Stellantis пристигнуваат шокантни вести – компанијата иако практично беше лидер на пазарот тивко ги укинува своите плаг-ин хибриди во Америка.
Првиот сигнал дека вакво нешто може да се случи пристигна минатата есен кога веќе најавениот за лансирање Jeep Gladiator 4xe беше откажан.
Тогаш производителот им кажа на своите добавувачи дека одлуката е резултат на промената на расположението на купувачите со што беше навестено дека се размислува за повторна проценка на моделската стратегија.
Јасно е дека зад ова стојат комплексноста на производството и големите трошоци за развој кои според моменталните трендови на пазарот кој повторно се врти кон големите V8 машини тешко можат да се вратат во догледно време. Главоболки предизвикуваа и честите дефекти заради кои сопствениците на ваквите возила повеќе пати беа повикувани за сервисни интервенции.
Затоа и компанијата се одлучи повеќе да се концентрира на обичните хибриди и електричните возила со или без продолжувач на автономијата. Ова не треба да се поистоветува со ситуацијата во Европа каде условите и развојот на пазарот се сосема различни.


