Со комбинација на пионерската кинеска технологија со европски дизајн и душа Zeekr испорача електричен модел за мерак.
Лансиран на саемот во Брисел, Zeekr 7GT е дизајниран во Европа и специјално подесен за европските патишта и испорачува избалансирано и динамично возење. Моделот е наменет за оние што сакаат големи возила.
Со димензии 4.817 X 2.070 X 1.456 мм содржи батерија од 800V, со капацитет од 75 kWh или 100 kWh и нуди ултра брзо време на полнење до 13 минути (10-80%). Покрај тоа што нуди удобен простор за 5 патници, значителен капацитет на багажникот од 456 литри и мноштво режими на возење, 7GT е агилен гран-туризмо со забрзување од 0-100 км/ч за 3,3 секунди и достига максимална брзина од 210 км/ч.
Искуството на возачот започнува со влегувањето во автомобилот, каде што се среќава со 35,5 инчен дисплеј со зголемена реалност, кој работи заедно со 13 инчна инструмент табла.
Комплетен со пет режими на возење, вклучувајќи снег и спорт, поставки за прилагодување на кампување, багажник на покривот, отвор за складирање на скии и напредни можности за влечење, 7GT е изграден за да ве однесе безбедно на која било авантура што ќе ја изберете, без разлика дали е тоа по кривулести планински патишта или живи градски улици.
Благодарение на вградената технологија, Zeekr 7GT на полнење може да повлече 480 kW што овозможува за само десет минути да се складира струја доволна да се извозат 340 км. Добра вест е неговата почетна цена која стартува од 45.990 евра што претставува одличен аргумент за пазарна борба со моделите на традиционалните производители.


