Внатрешноста на ID. Polo нѐ враќа на нешто што мислевме дека е исчезнато засекогаш кај електричните возила
Годинава на сцена ќе стапи електричниот наследниг на легендарниот Polo кој ќе го носи префиксот ID. Откако ги откри димензиите и обликот, VW ни дава преглед на дел од внатрешноста, односно на инструмент таблата.
Она што многумина традиционалисти замераа на ЕВ е губењето на физичките контроли. Под водство на новиот шеф за дизајн Андреас Минд таа критика се отфрла. ID. Polo означува промена во насоката со спојување на традиционалното и модерната технологија, пакет што е попријателски за корисниците. Компанијата веќе потврди дека овој пристап ќе се примени и на други нови и ажурирани модели на VW во блиска иднина.
Заминаа лизгачите на допир и хаптичките панели. На нивно место се соодветни физички контроли. Ново дизајнираниот квадратен волан ги враќа групираните тврди копчиња за темпомат и функциите за инфозабава. Вграден директно на контролната табла, 10,25 инчниот дигитален дисплеј за возачот сигнализира враќање кон конвенционалното, заменувајќи го незгодниот екран монтиран на столбот на управувачот кај актуелните ID. модели.
VW вели дека ажурираниот софтвер додава функционалност, заедно со неколку носталгични детали. Притиснете копче и дисплејот се префрла на ретро-тематска графика што ги одразува бројчаниците и касетните визуелизации од класичниот Golf од 1980-тите. Напред и во центарот се наоѓа голем 13 инчен екран на допир за инфозабава.
Ги нема поларизирачките лизгачи на допир за јачина на звук и температура. Наместо тоа, под екранот се наоѓа уреден ред физички копчиња за контроли. Самата кабина добива попривлечен изглед, со мека рециклирана ткаенина што го заменува вообичаеното користење на тврда пластика низ контролната табла, вратите, па дури и централната конзола.
Со димензии од 4.053 мм во должина, 1.816 мм во ширина и 1.530 mm во висина и меѓуоскино растојание од 2.600 мм, новото електрично Polo дели слична површина со својот брат со мотор на согорување. ID. Polo ќе се лансира со избор од два типа батерии и три мотори вградени во предниот дел на каросеријата, со моќност од 116, 135 и 211 КС.
Помоќна GTI верзија од 223 КС е закажана за следната година. Опциите за батерии вклучуваат LFP пакет од 37 kWh и понапредна NMC единица од 52 kWh, при што втората нуди автономија до 450 км.
Во зависност од спецификацијата, брзините на полнење ќе се движат од 90 до 130 kW, а ажурираната MEB+ платформа на VW ќе служи како основа за целата линија. Volkswagen објави дека ID. Polo ќе има почетна цена од 25.000 евра додека верзиите со повисоки спецификации ќе имаат цена од околу 30.000 евра.



