Видео – Renault Filante Record 2025

Иако чудниот електричен прототип Filante Record 2025 е далеку од сериско производство тој сепак ја враќа вербата дека електричните автомобили ќе бидат неверојатно економични.

На тест патека во Мароко возењето траело околу 10 часа и е постигната просечна брзина од 102 километри на час.

Она што е најинтригантен е фактот дека потрошувачката на струја изнесува 7,8 киловат-часа на сто километри. Преведено во денешната цена на струјата во домашни услови возењето на сто километри чинело помалку од 50 денари или испод 500 денари за 1000 километри.

Ова на Renault е втор обид – првиот пат летото не успеале да ги достигнат саканите аеродинамични параметри. Затоа и сега овој концепт претставен во јануари остана без светлата, големите отвори за воздух и масивните облоги со интегрирани спојлери – задржани се само затворените тркала.

За дополнително да се намалат отпорите користени се елементи од јагленородни влакна и делови изработени на 3-Д печатач а Michelin обезбеди посебно развиени и исклучително штедливи пневматици.

Во кокпитот има место само за возачот кој е во полулежечка положба, педали не постојат а забрзувањето и запирањето се вршат преку управувачот кој има интегрирана инструмент-табла.

Интересен податок е дека од вкупната тежина од 1.000 килограми 600 отпаѓаат на батериите. После поминувањето на 239 круга на тест патеката останала неискористена струја од 11 отсто од капацитетот на батериите. Renault Filante Record застануваше само за промена на возачите и брзи технички проверки.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER