Panamera Exclusive Manufaktur – Во Скопје

Новогодишните и Божикни празници се магични. Тоа го потврдува Porsche Center Skopje

Специјално дизајнираната Panamera изработена од ексклузивното одделение на Porsche Exclusive Manufaktur пристигна кај нас.

Ваквите изведби претставуваат највисоко ниво на персонализација и изработка достапно од Porsche. Тоа не се само врвни техничко-инженерски дела, туку тие автомобилот го издигнуваат на ново ниво неговото височество автомобилот.

Скулптурите на тркала се трансформираат во уметничко-хедонистичко дело вредно за восхитување, не само на начинот на изработка, туку и на начинот како еден сопственик на Porsche сака секојдневно да ужива во својот статусен симбол.

За жал демо моделот ќе биде изложен во салонот Porsche Center Skopje за ограничено време и демонстрира како перформансите, луксузот и индивидуалноста се спојуваат преку програмата Exclusive Manufaktur.

Презентираната Panamera се одликува со внимателно одбрани материјали, комбинации на бои и рафинирани детали во ентериерот, сите изработени според личната визија и желба на клиентот.

Од ексклузивни кожни завршни обработки и декоративни елементи од карбон, до препознатливи надворешни акценти, секој елемент ја одразува посветеноста на Porsche на прецизност и индивидуалност.

Ваквиот пристап на Porsche Center Skopje ја нагласува својата посветеност да им понуди на клиентите не само исклучителни возила, туку и високо персонализирани искуства.

На посетителите им беше овозможено да ги истражат можностите на Exclusive Manufaktur и да откријат како Panamera може да се прилагоди за да ја одрази нивната сопствена интерпретација на модерен луксуз и перформанси проследени со широк спектар на можности.

На вистинските љубители на автомобилскиот хедонизам им останува уште писмото до Дедо Мраз да го достават во Porsche Center Skopje.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER