BYD ги создаде своите соништа – компанијата чие име е кратенка од Build Your Dreams досега произведе 15 милиони новоенергетски возила како што Кинезите ги нарекуваат електричните и плаг-ин хибридите.
Успехот е поголем кога се знае дека ако за првиот милион требаа 13 години, за последните 13 месеци беа направени 5 милиони возила. Компанијата основана пред три децении со производство на возила започна во 2003-тата.
На почетокот служеше за потсмев од страна на големите играчи но сега има милион вработени и во преку 110 држави и региони низ целиот свет продава околу една петтина од своето производство. Во Европа е присутна во 33 земји со повеќе од илјада продажни места кои до крајот на 2026-тата треба да се удвојат.


