Toyota – Од Америка за Јапонија

Toyota му се поклони на Трамп и од наредната година на домашниот јапонски пазар ќе започне да продава возила произведени во Америка, со намера како што е наведено да се подобрат трговските односи меѓу двете земји.

За почеток само со цел тестирање на побарувачка и интересот на купувачите, ќе бидат понудени лимузинскиот Camry, кросоверот со три реда седишта Highlander и пикапот Tundra. Се очекува политичкиот притисок да поттикне и промена на прописите и Јапонија да одобри продажба на автомобили хомологирани во Соединетите Американски Држави без нивно повторно тестирање.

Со тоа ќе биде отворен патот и други производители да применат неортодоксни стратегии за настап на домашниот пазар – најчесто се споменуваат Honda и Nissan. Сепак со оглед на повисоките трошоци за производство и цената на транспортот останува нејасно колку ваквите планови има финансиска смисла.

Дополнително, од американски извори се дознава и дека администрацијата на Трамп инсистирала продажните мрежи на домашните производители во Јапонија да бидат отворени и за американските марки.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER