Subaru во Америка започна со продажба на својот трет електричен автомобил.
Наречен Uncharted, овој модел по подолго време е прв на марката со погон на предните тркала. Сепак во понудата ќе биде и верзија со 4×4 пренос. Како и кај Solterra и Trailseeker се искористени технологиите на Toyota, овој пат од CH-R+.
Јапонците велат дека е развиен да обезбеди чувство на авантура и робусност во возењето, посебно во природа. Акцент е ставен на нестабилните возни површини како земја, песок или снег заради што во конструкцијата е користен лесен и цврст челик. Основната изведба има 221 коњска сила и автономија од 483 километри а онаа со погон на сите тркала 338 коњи.
Од Subaru велат дека батериите од 10 до 80 отсто се полнат за околу половина час, дури и на ниски температури. Изгледот е инспириран од поголемите електрични кросовери на Subaru а внатрешноста наликува на сестринската Toyota CH-R+, со вообичаена опременост за вакви возила. Цените стартуваат од 35 илјади долари а ќе го видиме и во Европа.


