Стана на мода да се соборуваат рекорди, овој пат тоа го стори Geely
Кинезите на гинисов начин ја илустрираа пространоста на новиот миниван Galaxy V900. Долг 5,36 широк два и висок 1,94 метри, тој во својата внатрешност собра дури 42 лица. Дека не се работи за пропаганден трик покажува тоа што протагонистките од танчерската група кои учествуваа во поставувањето на овој рекорд имаа просечна височина од метар и седумдесет.
Geely Galaxy V900 е електричен миниван со продолжена автономија чија кабина располага со површина од 8,4 квадратни метри и растојание меѓу редовите седишта поголемо од еден метар. Се продава во конфигурација со шест или осум седишта и има електрична автономија од 200 километри.


