Opel Astra го откри своето ново лице

Чекор поблиску до нов дизајнерски правец

Дојде време за освежување на шестата генерација на Astra – како ќе изгледа од Opel ни најавија со овие фотографии. Нејзиниот дизајн и досега беше впечатлив – модерен, со остри линии и рамни површини. Затоа и затегнувањето на борите е умерено но изгледот на предниот дел е значително променет. Гледаме нови светла со кои Astra оди чекор поблиску до нов дизајнерски правец најавен со концептот Corsa GSE Vision Gran Turismo чија карактеристика се тенката светлосна лента која оди до осветленото лого и два вертикални елементи над и под него. Црниот сјаен панел од Vizor маската останува со што Astra добива поагресивен изглед.

Задниот дел не преживеа големи промени а внатрешноста не е прикажана. Opel најавува и иновативни безбедносни и комфорни технологии и помодерна, попривлечна и поудобна кабина а ќе биде унапредена и моторната понуда. Датумот на премиерата не е објавен но секако дека ќе се случи наскоро.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER