Беше покажан на салонот на автомобилите во Минхен а сега веќе пристигна на пазарот – теренецот на Beijing Automobile Works започна да се продава во Шпанија.
Кинезите на IAA го претставија под марка невообичаено означена со бројките 212 но сега доби уште почудно име кое тешко се изговара – Yooudooo 6. Тоа сепак нема да ги одврати купувачите бидејќи од компанијата која го увезува тврдат дека за цената од 39 илјади евра се добива теренец способен да се справи со најтешките услови. Сепак ќе бидат малку разочарани бидејќи експонатот од Минхен имаше дизел мотор а овој турбо бензинец со 252 коњски сили.
Погонот на сите тркала се подразбира а менувачот е осумстепен автоматски. Опременоста е изненадувачки богата а изгледот ќе им се допадне само на оние кои очекуваат работна машина. Во кабината долга 4,7 метри собира петмина патници а механиката му води потекло од кинески воен теренец од 1965-та година. Тоа значи дека располага со класична шасија, редуктор и блокади на предниот и задниот диференцијал. Со други зборови, точно она што еден робусен теренец треба да го има.


