Кинеската влада сака да го ограничи забрзувањето на автомобилите
Сите знаеме дека електричните возила забрзуваат за време порано резервирано само за суперавтомобилите. Некогаш и ѕверски кратко како на пример Xiaomi SU7 Ultra кој стигнува до 100 километри на час за 1,98 а Yangwang U9 за 2,36 секунди. Дека тоа е ризично за безбедноста посебно во рацете на помалку искусни возачи не треба да се кажува. Затоа и кинеската влада изнесе интересен предлог кој сигурно ќе влијае за намалување на опасните ситуации – да се ограничи забрзувањето на автомобилите и тоа без разлика на погонот – струја или бензин. Замислата е да се воведе возилата задолжително да стартуваат во таканаречен еко режим на работа кој ќе дозволува тие да забрзуваат до 100 километри на час за време не пократко од 5 секунди. Овој режим би можел рачно да се исклучи после стартувањето на моторот но секогаш повторно автоматски ќе се вклучи по неговото исклучување, дури и ако тоa е од старт-стоп системот. Било да им се допаѓа тоа на возачите или не, секако ќе ги пренасочи производителите на поинаков колосек при конструирањето на возилата.


