По само една година веќе се наѕираат резултатите
Минатата година ова време Volkswagen и Rivian основаа заедничка компанија за развој на електрични архитектури и софтверски технологии за идните генерации возила. Амбициите беа големи но се покажаа достижни – ентузијастички настроени, двата партнера вложија доста напори и резултатите веќе се наѕираат. Со систематски напредок сега се располага со моќен меѓународен развоен тим од повеќе од 1.500 вработени во САД, Канада, Шведска, Србија и Германија.
Целата идеја базирана на современата зонска архитектура и веќе е имплементирана во референтни возила од брендовите Volkswagen, Audi и Scout чии зимски тестирања ќе започнат во првиот квартал на 2026 година. Меѓу нив е и ID.Every1 чија сериска верзија ќе биде лансирана во 2027 година. Во оваа архитектура која уште се нарекува и софтверски дефинирани возила моќни модуларни централни компјутери ги контролираат сите функции на возилото. Кога ќе биде подготвени за лансирање, Volkswagen ќе ги понуди решенијата во возилата базирани на идната SSP платформа во различни сегменти, ценовни опсези и меѓународни пазари со обем до 30 милиони единици годишно. Rivian пак ќе ги користи технологиите создадени за идни модели R2, R3 и R3X, првиот веќе на средината на идната година.




