Audi го најавува своето влегување во Формула 1 со концептот R26

За нешто повеќе од три месеци „Господарот на прстените“ влегува во најбрзиот циркус на светот. Пред да го прикаже болидот во јануари, преку Audi R26 Concept го привлекува вниманието на јавноста покажувајќи го изгледот на дебитантскиот тркачки автомобил.

Audi смета дека Формула 1 е „стратешки предводник“ за компанијата и го одразува „технолошкото, културното и претприемачкото преструктуирање на брендот“. Влогот е многу висок бидејќи за да ја оствари оваа цел компанијата ја купи Sauber Group и го доведоа суверениот фонд за богатство на Катар како инвеститор во проектот.

Поважно е што Формула 1 има повеќе од 820 милиони љубители ширум светот и околу 1,6 милијарди гледачи вклучени за ги следат трките. Компанијата несомнено се надева дека ќе претвори дел од тие фанови во купувачи. Освен бизнис аспектот, Audi ја развива погонската единица на автомобилот од пролетта 2022 година.

Таа се состои од 1,6-литарски V6 мотор со турбо полнач, систем за обновување на енергијата, електричен мотор и осумстепен менувач. Ова му овозможува на болидот да произведе комбинирана моќност од околу 1.020 КС.  Извршниот директор на Audi, Гернот Долнер, изјави: „Со влегувањето во врвот на мотоспортот, Audi дава јасна, амбициозна изјава.

Ова е следното поглавје во обновата на компанијата, бидејќи Формула 1 ќе биде катализатор за промената кон поелегантен, побрз и поиновативен Audi “. И покрај оптимизмот на сите им е јасно дека нема преку ноќ да дојдат резултатите. Целта на тимот е да се бори за титулата во Светското првенство до 2030 година.

По дебито на билидот во јануари, ќе се започне со тест возења во Шпанија. Понатамошни тестови се планирани во Бахреин во февруари, додека дебито на трките ќе се одржи во Мелбурн во март 2026 година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER