Во кругот на Еуроимпекс повторно се случи спектакл.
Овој пат не беше поврзан ниту со Peugeot, ниту со Opel, туку со реномираниот производител на алати, батериски системи и иновативни решенија за секој занает и индустрија и опрема, американскиот Milwaukee.
Мобилната изложбена платформа беше поставена во кругот на Еуроимпекс, на Бул. Трета Македонска Бригада, и беше целосно опремена со најновата палета на Milwaukee алати. Еуроимпекс, како генерален увозник и дистрибутер на Milwaukee за Македонија, гордо ја организира оваа светска турнеја во Скопје со цел да им овозможи на македонските корисници да бидат дел од глобалното Milwaukee искуство.
Еуроимпекс, во своето 35-годишно постоење, бележи раст, развој и успешно стопанисување во различни области, вклучувајќи ги сите брендови што ги претставува.
Работењето на компанијата е насочено кон сите брендови подеднакво: четири брендови на алати (Milwaukee, Bahco, Irimo, Portable Winch), Total Energies, Ловиштето Ниџе, автомобилските брендови Peugeot и Opel, кои покрај во Македонија, Еуроимпекс ги претставува и во Србија, Црна Гора, Косово и Албанија.

