SEAT ги претстави обновените Arona и Ibiza

Одбележувајќи ја својата 75-годишнина, SEAT започнува ново поглавје со освежување на популарните Ibiza и Arona.

Обновувањата не само што ја прославуваат традицијата на брендот, туку и ја потврдуваат неговата посветеност на достапни автомобили. И двата модели имаат освежен дизајн, ажуриран ентериер и дополнителна стандардна опрема. Кросоверот Arona доби поизразена предна маска која има нова решетка со шестоаголна плетка.

Опкружена е со потенки LED фарови, кои се посветли и имаат подолг опсег на светло од нивните претходници. Предниот браник е поспортски.Други значајни карактеристики вклучуваат нови стандардни LED задни светла, темен алуминиумски дифузер и нови алуминиумски тркала од 16 до 18 инчи.

Освежувањата ги подржуваат нови три бои „Liminal“, „Oniric“ и „Hypnotic“ како и опциите за контрастен покрив во Midnight Black или новата Manhattan Grey боја. Промените во ентериерот се релативно мали, но има нов аудио систем со шест звучници, како и релјефни текстили на седиштата.

Ним им се придружува перфориран кожен волан, како и безжичен полнач за паметни телефони од 15W.Стандардно се испорачуваат 8 инчна дигитална инструмент табла и 8,25 инчен инфозабавен систем, додека опционална е 10,25 инчна инструмент табла и 9,2 инчниот инфозабавен систем. Под хаубата има три TSI мотори, а понудата започнува со три цилиндерски мотор од еден литар кој произведува 95 КС и е поврзан со петстепен мануелен менувач.

Купувачите можат да изберат и помоќна верзија од 115 КС, која се надградува на шестстепен мануелен менувач или седумстепен DSG. На врвот од понудата е 1,5-литарски четирицилиндричен мотор кој развива 150 КС и е впарен со седумстепен DSG менувач.

Популарната Ibiza прифаќа многу од истите ажурирања, бидејќи има нова решетка и потенки фарови. На нив им се придружуваат обновени тркала и поспортски преден браник со поголеми дифузори, како и понизок централен вшмукувач.

Стилските промени продолжуваат и на задниот дел со нов браник кој има хоризонтален акцент за да ја нагласи ширината на автомобилот. Тука се вметнати нови LED задни светла, затемнета вдлабнатина за регистарска табличка и натпис „Ibiza“. Како кај кросоверот и хечбекот доби ажурирана палета на бои.

Дежа ву ажурирањата продолжуваат внатре со перфориран кожен волан и релјефни седишта. На нив им се придружуваат нови меки акценти, текстилни панели на вратите и потемна облога на покривот. Освен тоа, тука се истите екрани, звучен систем и полнач за телефон како кај Arona.

Опциите за моторот се исти како оние што се нудат кај кросоверот, но Ibiza има дополнителен избор. Станува збор за 1.0-литарски MPI трицилиндричен мотор со 80 КС. Поврзан е исклучиво со петстепен мануелен менувач. И двата модели ќе се произведуваат во Марторел, а лансирањето е закажано за јануари 2026 година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER