Кинеската компанија забрзано се подготвува за зголемување на своето присуство на европскиот пазар
Плановите на Geely предвидуваат дури 15 нови главно плаг-ин хибридни и електрични модели во наредните три години и ширење на продажната мрежа со илјада нови дилери. Со нив марката која во моментов е присутна само во 12 земји ќе ги нуди своите возила скоро низ цел Континент. Очекувањата за обемот на продажба не се прецизно наведени но сигурно не се мали бидејќи за Велика Британија до крајот на деценијата се очекува да се стигне до 100 илјади возила годишно. Ваквиот ентузијазам се должи на познавањето на пазарот бидејќи кинеската компанија како сопственик на Volvo, Polestar, Lotus и лондонскиот такси долго време е присутна таму. Нивна проценка е дека купувачите сега се поотворени за избор на нови брендови посебно кај електричните модели. Плановите за производство на возила во Европа не се обелоденуваат но тоа лесно може да се случи. Geely во моментов нуди четири кросовери од кои еден е електричен.


