Subaru ја провоцира STI сцената

Претставени два перформансни концепти со ознаката STI

Subaru веќе со години не е активен со STI моделите иако одвреме-навреме најавуваше нешто. Во една таква прилика јасно беше навестено дека нов STI нема да има со бензински мотор, план што очигледно се изјалови. Сепак да не испадне дека излажале Јапонците подготвија два STI концепта – еден електричен означен како Performance-E STI и вториот Performance-B STI кој погодувате е бензински. Изненадување е што тој делува подготвен за сериско производство но сепак вниманието повеќе го привлече електричниот.

Деталите за овој спортски автомобил со кој јапонскиот производител најавува нова ера изостанаа, но јасно е кажано дека тој за нив претставува иднина на високите перформанси. Дизајнот е инспириран од богатото наследство на марката. Кабината е изведена со посебен акцент на ергономијата а очекувано погонот е на сите тркала.

За разлика од него бензинскиот концепт делува како STI дериват на постоечката Impreza а буквата B во неговата ознака може да се толкува и како боксер. Што ќе се случи со овие два модела, останува нејасно.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER