Stellantis ќе ребрендира кинески автомобили

Opel е сериозен кандидат да го стави својот амблем на некој модел на Leapmotor

Stellantis ги зацврстува кинеските врски и ја испитува можноста некои од моделите на Leapmotor да бидат ребрендирани и понудени во Европа. Притоа најчесто се споменува Opel во чии планови е предвиден потполно нов електричен автомобил. Од компанијата молчат за ова но признавале тие или не реални шанси постојат. Информациите се појавија откако се дозна дека Stellantis ќе организира производство на кинеските модели во Шпанија. Потврда дека така се размислува доаѓа и од Јужна Америка каде ќе биде понуден пикапот RAM Dakota базиран на механиката на кинескиот Changan Hunter. Ќе се произведува во Аргентина а можно е да се појави и во Европа.

Што се однесува до идниот нов модел на Opel тој веројатно би бил Leapmotor B10 но засега не е јасно дали на германските дизајнери ќе им биде овозможено да го изменат неговиот изглед повеќе отколку само прилагодување кон стилскиот јазик на марката. Поконкретни информации ќе се дознаат во првата половина идната година кога официјално ќе биде претставена новата стратегија за настап на Opel во иднина.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER