Се подготвува ли реинкарнација и на Спачек?

Беше Volkswagen, следеа Mini и Fiat за сега ретро модата да стигне до Renault но нема тука да застане

Сé почести се гласините дека Citroen планира да развива нов модел кој би бил реинкарнација на легендарниот Спачек. И тоа не само дизајнерски туку и суштински според идејата за лансирање нова класа европски мини автомобили како јапонскиот Кеи формат. Клучни кај нив би биле големината и цената која директно ќе влијае на тоа нивните можности да бидат скромни. А токму таков беше и Спачек, исто како и Бубата на Volkswagen, британскиот Mini или пак Fiat 500. Според информациите модерниот Спачек би бил долг 3,8 метри и би имал околу 70 електрични коњски сили. Тешко дека ќе стигне пред крајот на деценијата а во Цитроен веруваат дека би можеле да се изборат со предизвикот да биде понуден по цена под 15 илјади евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER