Мајкл Лајтерс застанува на чело на Porsche
Од 1 јануари идната година Porsche ќе има нов директор – Мајкл Лајтерс познат на јавноста како поранешен прв човек на McLaren а претходно и технички директор на Ferrari. Она што не е познато е дека пред да замине за Италија тој работеше повеќе од 13 години во Porsche како одговорен за Macan и Cayenne. Оливер Блуме кој цели десет години беше на чело на компанијата ќе продолжи како извршен директор на групата Volkswagen.


