Porsche 718 и со шестцилиндричен мотор?

Го подготвуваа само како електричен, ама…

Времињата се менуваат брзо и драстично – со години слушаме за електричниот 718 за сега до нас да дојдат вести дека идната генерација на овој модел ќе има и шестцилиндричен мотор. Колку има вистина во ова ќе дознаеме наскоро – сегашната генерација го завршува својот животен век наредниот месец. Електричниот наследник сигурно ќе го видиме бидејќи долго се подготвува, но за бензинските варијанти прашање е што и кога. Повеќе кога отколку што – новиот 3,6 литарски боксер на Porsche е пократок и електрифициран, што го прави сериозен избор за вградување во помалите модели од 911 каде сега се среќава. Дали и сегашниот четирицилиндричен мотор ќе остане никој не знае да каже – проблем се Еуро 7 нормите.

Електричните модели на 718 на пазарот се очекуваат во 2026-тата или најдоцна 2027-ма година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER