Јапонскиот производител штеди насекаде…
Мерките за штедење што ги воведува Nissan ќе погодат доста вработени, дури околу 20 илјади, но најновиот нивни потег ќе ги налути сите фанови и на марката и на фудбалот во Јапонија – тешко јавноста да му го прости за намерата за продавање на успешниот фудбалски тим Јокохама Маринос кој компанијата го има основано уште во 1972 година. Тој настапува во првата лига и има освоено повеќе шампионски титули. Поседува стадион кој со својот капацитет за 75 илјади гледачи две децении беше најголем во Јапонија.
За тимот имаат настапувано голем број интернационални играчи меѓу кои и нашиот Давид Бабунски.



