Интервју со Флоријан Хутл, извршен директор на Opel

Флоријан Хутл е сталожен, мирен, но воедно енергичен и оптимистички настроен. За време на одржувањето на IAA Mobility во Минхен се сретна со членовите на Ауто Бест жирито за да ги сподели со нас новостите и промените што се случуваат во Opel.

Флориан Хутл: Ќе ви дадам краток вовед и ќе ве запознаам со работите што се случуваат во Opel и кои сакам да ги споделам со вас. Прво, Opel беше многу зафатен со лансирање нови автомобили во последната година, од летото минатата година донесовме три нови модели на пазарот. Ја лансиравме сосема новата Opel Frontera, веќе многу успешен модел.

Од воведувањето, тој ги задоволува многу потреби на кои Opel традиционално можеше да одговори со модели како што се Zafira, Meriva и многу други што ги имавме во минатото. Гледаме дека пронајдовме формула за разновиден, робустен, достапен модерен автомобил користејќи мулти-енергетска платформа со електрични и хибридни погони кои се популарни. Бројот на нарачки е многу голем. Тоа е значително над она што го правевме во минатото со Crossland.

Го испорачавме новиот Grandland, произведен во Германија, користејќи ја најновата мулти-енергетска платформа на Stellantis, со што се добива автономија на возење до 700 км. Тоа е голем чекор, а вистинска пресвртница за Opel на патот кон електромобилноста е фактот што со Grandland им дадовме можност на нашите клиенти да купат батерија произведена во Европа. Тоа е многу голем чекор напред за Opel, а можеби и за европската инфраструктура. Третата новина е Mokka. Не променивме многу однадвор бидејќи има многу безвременски дизајн. Mokka е привлечна, многу модерена. Погледнете ја денес, таа е исто толку свежа како пред неколку години.

Вложивме повеќе пари за развој во внатрешниот простор и го ажуриравме, особено целиот системот за инфо-забава. Она што сакам да ви го кажам е дека неодамна објавив дека Opel повеќе нема да се држи до целта што си ја поставивме пред неколку години, да бидеме целосно електричен бренд за автомобили до 2028 година. Го направивме тоа затоа што свативме дека на европскиот пазар му треба алтернатива. Станува сè појасно во последните месеци, а веројатно и година или нешто повеќе, дека е така. Но, нашата основна претпоставка е, дека Европа многу брзо ќе се движи кон електромобилноста. Нашата мулти-енергетска платформа ни дава опции да продолжиме да им нудиме хибридни погонски склопови на нашите клиенти.

И ова е она што решивме да го објавиме, едноставно, да речеме, проверка на реалните услови и амбицијата што ја поставивме. Ова во никој случај не значи дека Opel ги успори електричните возила, туку напротив. Затоа ќе продолжиме да развиваме електрични возила на најдобро ниво. Исто така, објавив дека сосема новата Corsa, влезе во фаза на развој. Значи, знаеме што сакаме да направиме, нашите инженери во Руселхајм почнаа да го прават тој автомобил. Тоа е целосно BEV автомобил, ја користи малата платформа на Stellantis и ќе биде многу возбудлив производ што веќе можевте да го видите на нашата прес-конференција денес. Трета точка. Покажуваме дека даваме перспектива со возбудлив концепт автомобил со сериозно извесна иднина.

Тој дава перспектива за три работи. Прво, дава добра претстава за одредени елементи на новата Corsa. Предна страна, задниот дел, многу работи внатре, секако во стил на концепт автомобил, но сепак дава претстава за тоа што ќе развиваме за следната генерација на Corsa, која ќе биде целосно електрична. Пружа поглед кон следната генерација на дизајнерскиот јазик усовршен со новиот потенок визир и многу други работи.

Исто така, ја гледате нашата идеја за тоа каков треба да биде внатрешниот простор со одржливи материјали, со речиси смирувачка атмосфера каде што создаваме внатрешен простор без стрес со многу малку одвлекување на вниманието на возачот и патниците. И трето, дава поглед кон тоа што ќе продолжиме да правиме и да напредуваме со нашиот спортски подбренд GSE. Знаете дека Opel има силна историја во мотоспортот, во возилата со високи перформанси. Во текот на нашата историја, донесовме етикети како GSI, GSE, OPC… И силно веруваме дека Opel треба да го исполни тоа наследство и ова барање на нашите клиенти. Решивме да одиме чекор понатаму со спортската етикета, правејќи возбудливи електрични возила.

Mokka GSE е фантастичен производ изведен директно од тркачкиот автомобил што го развивме врз основа на електричниот рели автомобил. Mokka содржи многу технологии за спортски перформанси. И ќе продолжиме да истражуваме можности во тој сегмент за да им донесеме возбудливи електрични возила на нашите клиенти. На крај, како што знаете, индустријата е во длабока трансформација. Ние сме во многу добар дијалог со сите засегнати страни почнувајќи од јавноста, Европската Унија и владите на различните пазари, вклучувајќи го и германскиот пазар. Она што го бараме е на ист начин да го прилагодиме нашето планирање на реалноста, на она што го гледаме на пазарот. Прописите исто така треба да се преиспитаат.

Европската Унија направи добар чекор напред кога одлучи да премине од пристап базиран на чекори кон намалувањето на CO2. Токму ова чувство на реализам го бараме, бидејќи ни овозможува, чекор по чекор, да воведуваме нови електрични модели на пазарот, чекор по чекор, да го зголемуваме уделот на автомобили со нулта емисија во нашата продажба и затоа да не бидеме казнети и покрај тоа што сме ја завршиле целата наша домашна задача. Се бележи недостаток на побарувачка на евтини BEV, но ова е можност да се фокусираме на производство на фантастични нови електрични автомобили и воведување на индустријата како целина, и на нашите компании, нашите клиенти, нашите дилери и нашите работодавци во електричната ера. Затоа бараме реалистичен, прагматичен пристап. Бараме да се погледне, да се разгледа добро побарувачката за комерцијални BEV возила, која не е ни блиску до она што е потребно за да се исполнат законите за емисии на лесни комерцијални возила.

И одејќи напред кон следните чекори, едноставно бараме да покажеме прагматичен усогласен пристап што ќе осигура дека додека остануваме цврсто посветени на декарбонизацијата и на електричната технологија, ќе се справиме со трансформацијата како општество, како Европа, а не само како индустрија. Мислам дека има добро ниво на разбирање за напорите на автомобилската индустрија во Европа и сме оптимисти. Работите треба да се движат…

Дан Варди: Флоријан, ти благодариме многу за оваа можност. Како што гледате, доста голем број луѓе се во целата оваа збрка. Флоријан е член на одборот на VDA, германските производители на автомобили, познатата и голема организација на Германија. Значи, тој е многу свесен за политичките врски во Германија и во Европа, што е многу комплицирано. Важно е што преку него имате шанса да ја разберете и другата страна, не само на индустријата, туку и многу други страни…

Окан Алтан Да, ги слушате клиентите и продавачите кога ги креираат вашите нови модели, нови верзии со новите пакети итн? На некои пазари повторно се развиваат поголемите модели на седани. Дали имате некаков план за враќање на Insignia или Commodore или Senator, некој луксузен седан со логото на Opel?

Флоријан Хутл: Можам да ве уверам дека во нашите годишни рунди на планирање постојано истражуваме сегменти, области каде што сметаме дека би можеле да изградиме бизнис случај. Постојат два сегмента на пазарот каде што ова не е толку лесно. Едниот е малите автомобили под четири метри каде што сме во високо регулирана средина каде што треба да ставиме многу технологија во автомобилот.

Другиот е горниот сегмент, таканаречениот Д сегмент, каде што за да се реализира и да се донесат возила до клиентите што создаваат доволно привлечност е задача што секогаш ја ставаме како втор приоритет. Ќе бидам отворен со вас за тоа. Имаме силни приоритети. Имаме блокбастер автомобили со Corsa и Astra, кои очигледно треба да продолжат да го развиваат својот бизнис. Opel не е толку присутен во C сегментот на кросовери колку што треба да биде. Значи, Grandland е прв добар чекор. Frontera, која може да се смета за долниот дел од тој сегмент, ќе биде втор. Значи, очигледно треба да го осигураме нашето присуство тука. Забележавте дека го направивме Grandland значително поголем од претходниот. Ако во одреден момент видиме можност да создадеме нешто во горниот сегмент, ќе се стремиме кон него, но денес, тоа не е број еден во моите приоритети.

Хозе Каетано: Дали имате планови за Frontera 4×4? И дали имате план да се вратите на автомобилските натпреварувања на највисоко ниво?ж

Флоријан Хутл: Frontera историски имала 4×4 технологија. Затоа бараме начини да го овозможиме тоа. Гледаме потенцијал во Frontera, во 4×4 технологијата, не само во Frontera. Она што го гледаме е дека Grandland е достапен со 4×4 технологија. Electric Age ви дава одредени можности.

Затоа мислам дека 4×4 технологијата би можела да има смисла кај Frontera, па затоа сме во напредни студии за можностите, но тоа не е за утре. Мислам, и во право сте, дека автомобилот има таков вид привлечност што би можел да ни даде аргументи. Секако е област што вреди да се разгледа. Значи, Corsa GSE vision Gran Turismo може да се вози во Gran Turismo, како што слушнавте. Го ставивме овој автомобил на виртуелната патека. И не ја потценувајте важноста. Gran Turismo има околу 15 милиони редовни играчи, вклучувајќи ме и мене. Тоа е игра во која би можеле да уживате. Го правиме ова за да го тестираме пазарот, го правиме ова за да собереме повратни информации, го правиме ова за да ја видиме атмосферата.

И потоа одлучуваме колку далеку ќе одиме, колку брзо ќе одиме и колку ќе инвестираме во тоа. Јас сум исклучително задоволен од приемот на овој автомобил. Мислам дека ќе биде еден од највидливите производи донесени на овој саем, а потоа, и ќе продолжиме од таа точка. Знаете дека Opel има силна историја во трките и силна сегашност. Ние сме активни во релито на електрични возила. Со Corsa ќе продолжиме да истражуваме во тоа поле. Mokka GSE ќе биде хомологиран автомобил од FIA 4, така што ќе може да се натпреварува во повеќекратни шампионати. Оваа категорија постои и ние сигурно сме дел од пионерите.

Повторно истражуваме можности да ги туркаме работите понатаму, како што секогаш сакаме да правиме. И тоа е сè што можам да ви кажам денес.

Хозе Каетано: Кога се состанавме пред две години, рековте дека не сметате дека е толку одржливо да можете да изградите електрично возило од 25.000 евра во Германија или во Европа. А сега многу производители објавија дека европските BEV ќе чинат до 25.00 евра, дури некои најавија и помалку од 20.000. Дали е можно Opel да се вклопи во тоа?

Флориан Хутл: Да, апсолутно, да. Веројатно ги погледнавте вашите белешки од нашата последна средба. Верувам дека секогаш кога споменав 25.000 евра, веројатно на минатиот IAA, реков дека ја гледаме оваа ценовна граница како цел што на крајот ќе ја достигнеме. Да, BEV автомобил од 25.000 евра го објавив без да го именувам, но го објавив. И тоа отсекогаш било еден вид водечки принцип за нас затоа што тука чувствуваме дека треба да бидеме со Corsa. Денес очигледно сме напредни во развојот на следната генерација и знам дека можеме да го направиме тоа. Она што можеби го кажав, е дека не можеме да го направиме тоа во Германија, бидејќи производството на таков автомобил во Германија е невозможно.

Новата Corsa нема да се произведува во Германија, можам тоа да ви го кажам, бидејќи структурата на трошоците во Германија не ни дозволува да го реализираме тоа. Volkswagen не се произведува во Германија. Сега, она што можам да ви кажам за цената е дека за да се направи електричен автомобил профитабилен и одржлив во понудата на производителот, потребно е голем фокус на повеќе опции во самиот процес на развој. Направивме голем чекор напред со Frontera, која, како што знаете, има LFP батерија. А LFP ни дава добра рамнотежа помеѓу перформансите и трошоците, што особено во помалиот сегмент на автомобили.

Крумислав Барзов: Во претходните 10 години, Opel разви значајна технологија на водородни горивни ќелии. Ги видов BMW и неколку други брендови како работат посветено на развој на водородната енергија и нејзино имплементирање во автомобилите. Што се случува со вас? Имате некои водородни погони во комерцијални возила, дали ќе продолжите со тоа во патничките модели?

Флоријан Хутл: Имаме голема компетентност во инженерството на Opel за водород бидејќи со текот на годините и децениите се обидувавме да создадеме одржлив бизнис модел во целокупната трансформација на индустријата, а исто така и фокусот на Stellantis на технологиите кои се најперспективни во иднина. Одлучивме да го запреме развојот на водород во Stellantis, да не го продолжуваме засега. Да, донесовме комерцијални возила на водороден погон на пазарот. Многу е тешко да се создаде бизнис случај што ги оправдува инвестициите, истражувањето и развојот.

Тој пазар едноставно денес не е доволно зрел за да носи бизнис модел. Затоа решивме да излеземе од тоа. И ова, иако сме во Германија, која има мрежа за полнење на водород од околу 100 станици, не видовме бизнис случај што функционира во догледна иднина. И бидејќи решивме да ги фокусираме нашите напори на основните теми, решивме да го запреме тоа.

Роб ван Гинекен: Како би го оцениле фактот дека во родното место на автомобилската индустрија, сте прегазени од Кинезите на овој настан?

Флоријан Хутл: Мојата перцепција, како еден од многуте луѓе што доаѓаат тука и презентираат, е дека германската автомобилска индустрија испраќа порака на доверба и оптимизам оваа година. Мислам дека видовме дека се постигнува многу интересен напредок. И да, секако, индустријата е во трансформација.

Кинезите направија извонредна работа во последните десетина години создавајќи автомобилска индустрија која во одредени технологии отиде многу далеку. Технологија на батерии, софтвер, дефинирани аспекти на возилата и многу други слични работи. Значи, треба да го стигнеме темпото, особено кога станува збор за технологијата на батерии. Инвестиравме и ги гледате првите значајни чекори во ова. На ова автомобилско шоу го покажав на германскиот канцелар Grandland 4×4 произведен во Германија со европска батерија и со гордост ќе кажам дека, ние во Opel, успеавме да ја донесеме технологијата на батерии во Европа. Тоа е значаен чекор. Можеби сум малку пристрасен. Но, сепак чувствувам оптимизам и самодоверба.

Владимир Рибецки: Многу зборувате за хибриди. Имате благ хибрид, но што е со самонапојувачките хибриди?

Флоријан Хутл: Да, би го нијансирал вашиот коментар и би сакал да ви кажам дека нашата хибридна технологија од 48 волти е всушност доста напредна.

Astra потроши само просечни 4,3 литри на сто км на тест во трење од 1200 километри. Тоа е добар резултат. Технологијата треба да му служи на клиентот; треба да дава резултати. А технологијата од 48 волти може денес да даде доста добри резултати. Технологиите еволуираат и постојат други начини на работа помеѓу батеријата, погонскиот склоп и моторот со внатрешно согорување. Не ја исклучуваме можноста за понатамошен развој на нашата понуда. Денес, нашиот фокус е на благата хибридна технологија и на приклучните хибриди, што во последно време предизвика голем интерес, особено во Германија. На нашиот домашен пазар тоа е 10% мешавина. 10%, тоа е доста добро. Значи, сега на пазарот воведуваме два нови тори со приклучен хибридни, во Astra и Grandland. Значи, поголемите автомобили имаат автономија од 83 километри. Исто така, го надградивме погонскиот склоп, така што возењето на струја во  секојдневието е поудобно.

Гаспер Пирман: Новата хибридна технологија ни доаѓа токму сега во Astra? Како што ја возев пред половина година…

Флоријан Хутл: Не, не, не. Тоа е нова технологија, ја лансираме сега. Станува збор за класични технологии за приклучни хибриди, а не за технологија за проширен опсега.

Дан Варди: Ви благодарам многу. Извинете, но секогаш е кратко времето тука, во оваа саемска збрка . Ти благодарам Флоријан за твоето време и информациите што ги сподели со нас. Се радуваме на следната средба.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER