Кинеските власти решија да стават крај на дезинформациите на интернет за автомобилите
Не е ништо ново ниту пак непознато – интернет е преполн со лажни вести и дезинформации на кои луѓето наивно наседнуваат. Но една работа е да нарачате нешто ситно од Кина и да добиете некоја глупост а друга кога се работи за автомобил. Затоа кинеските власти решија да стават крај на дезинформациите на интернет за автомобилите и тргнаа во битка со лажните профили со тримесечна кампања за нивно сузбивање. Се разбира, производителите го поздравија овој чекор а некои понудија и солидни парични награди за информации кои ќе доведат до откривање на злонамерните.


