Производство ќе паузира најмалку до 24 септември
Веќе трета недела Jaguar Land Rover не може да се опорави од хакерските напади кои го парализираа производството, но и комуникацијата со добавувачите и дилерите и тоа на глобално ниво. Истрагата за настанот сé уште трае а и покрај соопштенијата од компанијата дека се работи на проблемот решението не е на повидок. Штетата е огромна бидејќи според плановите беше предвидено производство од околу илјада автомобили дневно.
Хакерскиот напад го изврши истата група која порано годинава го нападна трговскиот синџир Marks & Spencer предизвикувајќи пад на профитот од продажбата во висина од 300 милиони фунти. Лошо звучи тоа дека податоците за купувачите веројатно се украдени. Уште полошо како може компанија која произведува 400 илјади возила годишно, има 40 илјади вработени и остварува приходи од 30 милијарди фунти да дозволи да се случи такво нешто.